Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со ребаланс зголемен буџетот за барокни фасади во Скопје

Со ребаланс зголемен буџетот за барокни фасади во Скопје

Наместо првично планираните 2,29 милиони евра за барокни фасади, Градот Скопје до крајот на годината ќе потроши 2,32 милиони евра за оваа намена.

Измената беше направена со ребалансот на градскиот буџет, што го усвоија советниците.

Градоначалникот Коце Трајановски, во одбрана на зголемувањето на оваа финансиска ставка, изјави дека градската управа не би можела да ги подмири трошоците за рефасадирање на зградите во централното градско подрачје и дека повеќе од 90% од средствата за оваа намена се обезбедени од државниот буџет.

Слично

Поврзани вести