Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста
Oткако попладнево Министерството за внатрешни работи(МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“, тој вели дека постапката е политички мотивирана.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О.С.(49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од КЗ.
О.С. додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување овозможил на правен субјект- технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари.
фото Фејсбук/Оливер Спасовски
