Со проектот „Добредојде бебе“ веднаш ќе се добиваат изводи од матично
Министерството за здравство денеска ја почнува новата ПР кампања со проектот „Добредојде бебе“ кој ќе им овозможи на родителите на доброволна основа да им се олсени постапката за вадење извод од матична книга на родени којшто ќе го добиваат во рок од 48 часа, за време на престојот во породилиштето.
Проектот „Добредојде бебе“ се воведува од Министерството за здравство, во соработка со МојТермин, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда-Управа за водење матични книги.
Услугата од 24 јули ќе биде достапна во породилиштата во Скопје, додека од 1 септември во сите 18 породилишта во Македонија.
Слично
