Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со прирачник МНР ги учи медиумите како е правилно „македонски“ или „северномакедонски“

Со прирачник МНР ги учи медиумите како е правилно „македонски“ или „северномакедонски“

За да нема дилеми по официјалното преименување на државата во Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи објави прирачник со кој им дава објаснувања на медиумите за употреба на новото име, Република Северна Македонија, согласно Договорот од Преспа.

Република Северна Македонија, или скратено Северна Македонија е официјалното име на државата.

Согласно прирачникот националноста (државјанството) е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, официјалниот јазик е македонски јазик, кодовите се МК и МКД.

Се посочува и дека придавката македонски се употребува во однос на етничкиот и културниот идентитет, јазикот, историјата, културата, наследството, територијата и останатите атрибути.

Се потенцира дека „северно македонски“, „с. Македонски“ и „северномакедонски“ се неточни придавки.

Слично

Поврзани вести