Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со прекугранична соработка до спас на Охридското езеро

Со прекугранична соработка до спас на Охридското езеро
Денеска во Женева пред претставници на Организацијата на Обединетите Нации, Делегација на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро на чело со Дејан Пановски,  изврши презентација за Дримскиот проекти за тоа какво е влијанието на климатските промени врз водните басени на езерата во Дримскиот басен Во обраќањето Пановски се осврна на значењето на Басенот од енергетски, еколошки и туристички аспект, притоа нагласувајќи ги опасностите од суши и поплави како ризици од климатските промени.
„Посебно се осврнав на драстичните промени на нивото на водите на Охридското Езеро што се под влијание или на сушни или на влажни климатски периоди и чија флуктација има и еколошки и економски импликации. Затоа бараме преку проектот да се помогне на локалните самоуправи да се обучат за мерки за превенција преку адаптирање на урбаното планирање и регулација на притоките и да се воспостави прекуграничен мониторинг систем за рано предупредување од ризици“, истакна Пановски.
Басенот на реката Дрим е еден од неколкуте басени во светот што е влезен во мрежата пилот проекти на речни басени токму на лобирање на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро. Во таа насока обезбеден е и Проект преку Германската влада за адаптација кон климатските промени во басенот на реката Дрим и „Вестерн Балканс“ на прекугранично ниво.
Слично

Поврзани вести