Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со прегратки но без интонирање на химната, почна билатералната средба на Заев и Ципрас

Со прегратки но без интонирање на химната, почна билатералната средба на Заев и Ципрас

Премиерот на Грција Алексис Ципрас допатува денеска предпладне во официјална посета на Скопје како прв грчки премиер кој го прави тоа.

Планираниот дочек на грчкиот премиер пред зградата на владата во Скопје е скратен и немаше интонирање на химните, бидејќи авионот со кој допатува грчката делегација доцнеше на скопскиот аеродром.

Ципрас на излегувањето од автомобилот го дочека премиерот Заев и средбата на двајцата коелги започна срдечно, со прегратки, бакнежи и селфи фотографирања.

По прегратката, Ципрас прво се поздрави со бројните новинари а дури потоа со членовите на владата, додека Заев во меѓувреме го извади мобилниот со кој направи селфи фотки.

После краткиот поздрав на двајцата премиери и грчки министри кои дојдоа со Ципрас влегоа во зградата на Владата, каде се одржуваат билатерални средби а следи и заедничка седница на двата кабинети.

Според планот, денес во Скопје, Ципрас ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и заедно со Заев ќе го отворат бизнис форумот на претприемачите на двете земји.






Фото: Твитер/Алексис Ципрас официјален профил

Слично

Поврзани вести