Процесот на преименувањето го почнаа општинските власти, но остро се спротивстави Управниот инспекторат, бидејќи одлуките во Советот на општината не биле донесени со Бадинтерово мнозинство. Останува нејасно што се променило во меѓувреме.
Со потпис од Адеми две училишта во Чаир преименувани во албански имиња
Две македонски училишта во Чаир вчера со „амин“ на Министерството за образование беа преименувани и добија албански имиња.
Адеми го стави потписот училиштата „Јане Сандански“ и „Цветан Димов“ да се викаат „Јашар-бег во Скопје“ и „Хасан Приштина“.
Изет Меџити градоначалникот на Чаир, на својот ФБ профиил напиша:
„Со Министерството за образование и наука (МОН) неодамна официјално е постигнат консензус за промена на статутот со што се менува и имињата на училишта („Јане Сандански” станува „Јашар-бег во Скопје” и на „Цветан Димов” во „Хасан Приштина “)“, објави Меџити.
„Во текот на постапката за промена на имињата се испочитувани сите законски одредби“, вели Меџити.
Слично


