Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри, објави skimacedonia.mk.

Владата на денешната 25-та седница го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од КОВИД-19. 

При тоа е земено в предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичарите.

„Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на Протоколот за безбедносни мерки КОВИД-19 за Ски Центри во Република Северна Македонија за измени во однос на обезбедување на редарска служба пред билетарите и ски лифтовите, задолжително обезбедување на физичко растојание од 1,5 - 2 метри и пред билетарите (како пред жичарите и ски лифтовите)“, информираат од Владата. 

При тоа ќе има ограничување на работа на угостителските објекти на терените само на отворен простор и шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.

Слично

Поврзани вести