Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ПОМОШ ОД БУГАРСКИТЕ СЛУЖБИ СПРЕЧЕН НЕЛЕГАЛЕН ВЛЕЗ НА ОРУЖЕ - одземени три пушки, 20 пиштоли и 5.750 куршуми

СО ПОМОШ ОД БУГАРСКИТЕ СЛУЖБИ СПРЕЧЕН НЕЛЕГАЛЕН ВЛЕЗ НА ОРУЖЕ - одземени три пушки, 20 пиштоли и 5.750 куршуми

Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија, обајви Министерството за внатрешни работи. 

- На 24.12.2025, со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија. 
Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево" извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во товарниот простор се пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми - се наведвуа во соопштението на МВР. 

Од таму додаваат дека по целосно документирање на случајот и утврдување на сите инволвирани лица во случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Фото: Принтскрин/Фејсбук/МВР

Слично

Поврзани вести