Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ПЛАТА, А БЕЗ РАБОТА И БЕЗ МАКА: Нема повеќе седење дома, Владата ги распредели „рамковно вработените“

СО ПЛАТА, А БЕЗ РАБОТА И  БЕЗ МАКА: Нема повеќе седење дома, Владата ги распредели „рамковно вработените“

Започна потпишувањето на согласностите со кои дел од рамковно вработените се распределуваат на работа. Пред десетина дена беше објави план за распределување на работни места на 958, од вкупно 1.600 лица вработени според Рамковниот договор. Од Владата, во изјава за ТВ 24 велат дека сѐ уште немаат точна бројка колку лица ја прифатиле понудената работа.

„Процесот за потпишување изјави за согласност е во тек. Во моментот не можеме да кажеме конкретна бројка за тоа колку одбиле или не, но веруваме и очекуваме дека сите тие административни службеници ќе потпишат изјава за согласност и ќе бидат распределени на конкретни работни места и да работат во тие државни институции“, вели Мухамед Хоџа – портпарол на Владата.

Претходно министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски изјави дека на вработените им се дава само една шанса да одбијат некое работно место. 

„Ќе им се даде соодветна понуда, но не значи дека по секоја цена мора да прифатат. Во тој случај тие луѓе ќе бидат ставени на трансвер листата. Таму ќе можат даси добиваат понуди од други институции “, вели Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација (08.03. 2018)




Слично

Поврзани вести