„СО ОВИЕ РЕЗУЛТАТИ НИЕ БИ ИМАЛЕ 21 ПРАТНИК, А ВМРО-ДПМНЕ БИ ПАДНАЛЕ НА 52“: СДСМ направи парламентарна математика од локалните избори
Опозициската СДСМ направи парламентарна математика според резултатите од локалните избори - преку соопштение вели дека нивната партија би се искачила на 21 пратеник.
„ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка операција кој јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 а пратеници а СДСМ би имал најмалку 21. Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот кој го доживеаа и падот од преку 140.000 гласа кој е јасен сигнал дека нивните лаги и погрешни политики се прочитани. СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на галсање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ, докажани и чесни луѓе кои уште во првиот круг јасно докажаа дека имаат што да понудат“, велат од СДСМ.
Партијата ги повикува и сите граѓани кои гласале за другите кандидати што не влегоа во вториот круг, да дадат поддршка на нивните кандидати.
