Со „Охридска банка Сосиете Женерал“ брзо, едноставно и сигурно банкарско работење преку мобилен телефон
Апликацијата е бесплатна и може да ја преземат сите постоечки и нови клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал со едноставно симнување на апликацијата “Моја Банка” преку Google Play Store или Apple App Store
Достапноста на
банкарските услуги во реално време и надвор од експозитура станува минато.
Мобилното банкарство е новиот тренд кој во голема мерка го олеснува пристапот
до банкарските услуги. Имајќи ги во предвид предностите кои мобилното
банкарство им ги нуди на клиентите, Охридска банка Сосиете Женерал неодамна ја
воведе “Моја Банка” - новата, иновативна, напредна, а сепак едноставна за
користење апликација со која на своите
клиенти им овозможува брз и лесен пристап до посакуваните информации секаде и
секогаш.
Со апликацијата која пред се е безбедна, видовите на финансиски трансакции кои едeн клиент може да ги направи во реално време преку својот мобилен телефон или таблет вклучуваат преглед на сметки, следење на состојба на сметки, картички, кредити и депозити. Клиентите можат да вршат и плаќања на сите режиски трошоци, да извршуваат интерни плаќања и плаќања на други сметки, конверзија од една во друга валута, преглед на курсна листа, да прават информативни пресметки за кредити и депозити.
Апликацијата е бесплатна и може да ја преземат сите постоечки и нови клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал со едноставно симнување на апликацијата “Моја Банка” преку Google Play Store или Apple App Store, а поддржува верзии на оперативните системи Android и IOS не постари од Andorid 4.2 и IOS 7.0.
“Моја Банка” е достапна за користење на македонски, албански и англиски јазик.
Апликацијата за мобилно банкарство исто така има дополнителни карактеристики кои не се директно поврзани со банкарските услуги како што се услугите базирани на локација и информации во врска со Банката, промоции и кампањи.
