Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со нож ја нападнал 17-годишната партнерка во Струга

Со нож ја нападнал 17-годишната партнерка во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и  „вонбрачен живот со дете“. 

Тој, на 14.02.2026 околу 18:00 часот во Струга со нож нападнал 17 - годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди.  

„Напаѓачот е лишен од слобода и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 1,82 промили алкохол во крвта“,извести полицијата.

Слично

Поврзани вести