Со нож бркал наставник на прослава на полуматура во прилепски хотел
Нападнат наставник за време на прослава на полуматура од основното училиште „Климент Охридски“, известуваат од Министерството за внатрешни работи.
Настанот се случил синоќа во 21:00 часот во хотел во Прилеп, каде непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне наставникот С.Ј. (61) од Прилеп.
Како што соопшти МВР, сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе го избоде со нож.
Тој бил спречен од присутните, по што наставникот влегол во салата од хотелот. Во тој момент сторителот потрчал по него со шилест предмет во раката. За да се заштити, С.Ј. турнал столица накај лицето, по што бил совладан од обезбедувањето во салата.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Слично
