Со новите „бомби“ ќе се занимава СЈО
Новите „бомби“ ги анализира и Специјалното јавно обвинителство.
Од нив се очекува одговор дали се работи за материјали кои веќе ги поседуваат или се нови разговори.
МВР вчера објави дека откри кој стои зад профилот Ел Чека и дека било побарано од Фејсбук тој профил да биде блокиран. Министерот Оливер Спасовски вели го утврдиле идентитетот на лицето кое стои зад профилот.
За новата „бомба“ Ел Чека тврди дека е помеѓу екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот министер за правда Блерим Беџети. Наводно разговараат како да се намали медиумискиот интерес околу екстрадиција на осуденик од Косово, при што се споменува случајот „Монструм“. Ел Чека како што пишува на својот профил, „бомбите“ ги добил од тројца осуденици за Диво Насеље - Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халими, откако претходно се договориле да ги објави сите разговори што ги има.
