СО НОВИОТ ИЗБОРЕН ЗАКОН МОРА ДА СЕ ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПСИХИЈАТРИСКИ ПГРЕГЛЕД ЗА „ЛИДЕРИТЕ“ НА СЕКОЈА ПАРТИЈА: Јакимовски распали по Мицковски
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, на својот Фејсбук профил го критикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Со новиот изборен закон мора да се воведе задолжителен психијатриски преглед за "лидерите" на секоја политичка партија!
До каде отиде вечерва во додворувањето кон американците лидерот на ВМРО ДПМНЕ!
Предлага да ја примиме Украина во НАТО, да го активираме член 4 и да влеземе со војска во Украина на фронт со Русија.
Какво увлекување, поголем Католик од Папата!
Америкаците внимаваат со реториката за влегување во војна со Русија, а тој диретно ќе војувал и предлага да испратиме наша, македонска војска!
Што да испраќаме војска нека оди тој како доброволец. Не е престарен има 45години.
Во кондиција е, секој ден ака по Водно, очекувам дека ќе го распределат во јуришна бригада да го форсира Дњепар зошто не може да потоне оти е многу лесен.“ напиша тој.
Слично
