Со новата пруга, до Скопје ќе стигнеме за три и пол часа, вели Вучиќ
Со новата пруга, српските граѓани до Скопје ќе можат да стигнат за три и пол часа.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска, по разговорите со претставниците на ЕУ во Брисел, известил дека изградбата на проектот Ниш-Приштина ќе започне на крајот на август и дека во договор е и железничка пруга до Прешево.
„Најважното нешто за што разговаравме тука во Брисел е тој фантастичен проект на брзата пруга Белград-Ниш, за кој добивме понуда од Кинезите, а потоа овде ни рекоа дека можат да ни дадат подобри услови. Реков, ајде да видиме. Добивме неверојатна цена и тоа ќе промени сè“, изјавил Вучиќ.
Вели дека изградбата на тој автопат ќе придонесе за развој на Прокупље и Куршумлија, а како што рече, кога ќе имаат автопат, тогаш повеќе луѓе ќе ги посетуваат бањите.
