Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со нова опрема ќе се следат земјотресите во Охрид и поважните локации

Со нова опрема ќе се следат земјотресите во Охрид и поважните локации

Серијата на земјотреси во Охрид продолжува иако во последните неколку денови со многу помал интезитет и јачина на афтершоковите кои следеа на најсилниот земјотрес од 5 степени. Сепак, состојбата мора да се следи па затоа Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија постави нови мерни инструменти на повеќе локации во Охрид.

Ќе се следи состојбата од земјотресите на една деветокатна зграда ,општината како и на други значајни објекти. 

Сеизмолозите тврдат дека сите нови објекти и хотелите долж ривиерата се безбедни. Од утре тим од 35 експерти доаѓаат во градот за да вршат увид на оние места каде има помали материјални оштетувања.

Од унгарскиот Институтот за нуклеарни истражувања и од хидробиолошкиот завод од Охрид пак, тврдат дека земјотресите немаат никава поврзаност со охридското езеро. Исто така се отфрлени било какви теории за активирање на вулканот Косел или пак директна поврзаност со земјотресите.

Слично

Поврзани вести