Со нерегистриран мотоцикл удрил во коњ, сега се бори за живот
Министерството за внатрешни работи објави дека возач на нерегистриран мотоцикл од крушевско удрил во коњ по што се здобил со тешки телесни повреди.
Инцидентот се случил вчера доцна попладне во крушевското село Нерово, каде жител од истото место возач на мотоцикл „зонгшен“ управуван од Ј.И.удрил во коњ од истото село.
Возачот бил пренесен во Медицинкси центар„Борка Талески“ во Прилеп каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.
МВР информира дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Крушево.
Слично
