Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО НЕА СМЕ: Царовска и Шекеринска застанаа зад Славјанка Петровска

СО НЕА СМЕ: Царовска и Шекеринска застанаа зад Славјанка Петровска

Застануваме солидарно зад Славјанка Петровска, зашто ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омраза, објавија на своите профили на фејсбук повеќе жени од СДСМ. Со објавата прикачуваат и една компилација од погрдни коменари кои се однесуваат на министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Изминатиов период повторно гледаме што сѐ ѝ се случува на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата. Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сексистичка призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постење, пишува во објавата на Мила Царовска.


Слична објава има и поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска.


Објавите се со хаштагот „со неа сме“.

Ист пост објави и Санела Шкриељ, поранешна министерка за труд и социјална политика.


Подрршка стаса од заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.


Слично

Поврзани вести