Со мотоцикл на Шар Планина: Паднал во провалија и скршил нога
Мотоциклист паднал во провалија на Шар Планина, а потоа полицијата го извлекувала од таканареченото „Црно Езеро“. Лицето се движело со мотор на еден од најопасните терени во земјата, а по падот во провалијата ја скршило ногата.
Вчера во 17.31 часот е примена пријава за повредено лице по пад во провалија со мотор, но локација била на тешко пристапен терен на место викано „Мала Враца“ кај „Црно Езеро“ на Шар Планина, во делот кај караулата „Мазрача“ на дел кон границата со Косово.
„Во 18.15 часот од Полициската станица (ПС) Галате известија дека полицајци од ПС Мазрача успеале да го извлечат и да го спуштат до село Ѓурѓевиште каде што ги чекала екипа на Итна медицинска помош од клиничка болница „Ферит Мурат“ од Гостивар“, извести Центарот за управување со кризи.
