СО МЕТАЛНА ЛАЖИЦА УДРИЛА ДЕТЕ ПО ГЛАВАТА И МУ ЈА РАСЦЕПИЛА - обвинета воспитувачка во градинка во Автокоманда
Воспитувачка во градинка заработи обвинение откако во септември лани удрила дете со лажица по главата, од што му била нагмечена и расцепена главата на детето.
„По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.
На 01.09.2021 година, обвинетата 48-годишна воспитувачка во детска градинка во Автокоманда извршила физичко насилство спрема дете оставено на грижа и чување во објектот. Додека го делела ручекот за децата во групата, обвинетата со метална супена лажица го удрила детето по главата, нанесувајќи му телесна повреда – нагмечно-расцепна рана на темето“, се вели во соопштението од ЈО.
