Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СО МЕСЕЦИ ИМА НЕКОЈА СУВА КАШЛИЦА КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ, КИЛА НАПРАВИЈА ЛУЃЕТО ОД КАШЛАЊЕ, КАКО ДА ГИ ЛЕЧИМЕ?“ Чолакова тврди, добиле меил со намалување на сумата на каптацијата

„СО МЕСЕЦИ ИМА НЕКОЈА СУВА КАШЛИЦА КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ, КИЛА НАПРАВИЈА ЛУЃЕТО ОД КАШЛАЊЕ, КАКО ДА ГИ ЛЕЧИМЕ?“ Чолакова тврди, добиле меил со намалување на сумата на каптацијата

Докторката Лидија Чолакова Дервишова, тврди дека викендов сите матични доктори добиле меил со известување дека им се намалува сумата од каптацијата.

„Почитуван Народе,пациенти!!!

За викендов матичните доктори добија мејлови со намалување на сумата од капитацијата и за делот на хронична терапија и во делот за антибиотици и анксиолитици!!!

Дали треба не квалитетно да лечиме,дали треба да баеме!!!

Под итно да се смени буџетот за лекови за матични доктори!!!

Огромен дел од лековите кои ги пропишуваме се по препорака од специјалисти,антибиотици,анксиолитици и се друго.Не смее само нас да ни се крати за работење.

Дали знаете колку проблеми има Народов???

НИЕ СМЕ ДОКТОРИ!!!

За нас на прво место е здравјето на нашиот НАРОД!!!

Дали се слушаме???

Под итно да се донесе промена на буџет на Управен на ФЗОМ,кој ќе важи ретроградно од почеток на годината!!!

Со месеци има некоја сува кашлица кај пациентите која трае по три недели и како да ја лекуваме ,со волшебно стапче???

Кила направија луѓето од кашлање!!!

Огромен број влезови,нема блокирани болници,еден тон разводи,фамилијарни проблеми,животов не им е розов на луѓево и мора терапија да примаат за да го издржат притисокот на времето и животот!!!

Чекаме одговор…“, напиша таа.




Слично

Поврзани вести