Со лекари што помогнаа по трагедијата во Кочани, Македонија подготвена да им помогне на повредените во Швајцарија
По трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски вчера остварил телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Разговорот бил реализиран по консултација со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу.
Министерот изразил искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, со желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
„Ја изразив подготвеноста на нашата држава да прифати повредени пациенти и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во нашите здравствени установи. Дополнително, доколку има потреба, подготвени сме и македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да помогнат во процесот на лекување.
Поддршката во вакви моменти е од суштинско значење. Целосно стоиме на располагање на нашите швајцарски пријатели во справувањето со оваа трагедија“, објави Муцунски на фејсбук.
Слично
