СО КУЧЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ ДРОГА - грчката полиција кај државјанин од земјава открила 167 килограми канабис
Дури 167 килограми канабис и еден пиштол открила грчката полиција во товарен камион на автопатот од Евзони кон Солун.
Грчката полиција го уапсила возачот, странски државјанин, кој се товари за внесување дрога во Грција. Според грчката новинска агенција АНА-МПА станува збор за 37-годишен државјанин на Македонија.
„При контрола на возилото, со помош на полицајци од тимот за спречување и сузбивање криминал и куче за откривање дрога од царинската служба Евзони, беа пронајдени, добро скриени под подот на возилото 92 пакувања канабис со тежина од 167 килограми. Исто така, во едно од пакувањата беше откриен пиштол со два полначи и осум куршуми, кои беа запленети“, соопштија од грчката полиција и додаваат дека запленети се и камионот и трите мобилни телефони на возачот.
