Со крената глава и лисици Боки 13 донесен од Шутка да ги види доказите со кои ОЈО го гони за „Рекет“
Реши да молчи кога дојде на распит во ОЈО со образложение дека сака прво да ги види доказите против него а денеска со лисици од истражниот затвор во Шутка Бојан Јовановски е донесен да го стори токму тоа.
Брендиран и со стил тој се појави кај обвинителката Русковска пред која молчеше во понеделникот.
Јовановски е првиот осомничен во случајот „Рекет“ а негоата одбрана кажа дека прво ќе ги видат доказите па тогаш ќе дадат исказ.
За здравствената состојба на шоуменот и неформален соптвеник на поранешната 1ТВ адвокатот кажува дека и натаму не е подобрена.
„За неговата здравствена состојба никој не го интересира. Подлежи на вештачко дохранување со инфузија поради операцијата на желудникот и постојано повраќа“, истакна правниот застапник на Јовановски во понеделникот.
