Со колку пари власта ќе се бори против аерозагадувањето?
Владата денеска на седница ја прифати Предлог-програмата за инвестирање во животната средина за 2019-та година.
Покрај програмата за инвестиции од 130,8 милијарди денари, за оваа програма обезбедени се 98 милиони денари.
„Дел ќе се наменат за поддршка на мерки и активности за намалување на загадување на воздухот со спроведување на постапка за јавна набавка. Останатиот дел од средствата ќе се доделуваат врз основа на Јавен конкурс којшто го објавува и спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Законот за животната средина, со склучување на договори за доделување на средства“, информираат од Владата.
Аерозагадувањето е проблем кој ги мачи граѓаните, но и поради кој власта трпи критики дека не презема доволно мерки за намалување на штетните ПМ честички во воздухот.
Минатата година власта беше критикувана дека одвоила „смешни“ 1.5 милиони евра во време кога луѓе умираат како последица на загадувањето.
