Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со кој би коалицирал Заев постизборно?

Со кој би коалицирал Заев постизборно?

СДСМ постизборно би можела да коалицира со сите кои се залагаат за принципите кои опозицијата ги прокламира сите овие месеци, рече опозицискиот лидер Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата 24 Анализа на 24 Вести.

Тој децидно ја отфрли можноста за коалиција со актуелната власт и моменталното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во кое се Груевски, Мијалков, Јанкуловска.

„Со вакво ВМРО-ДПМНЕ, нема да коалицираме никогаш. Отворено и јавно велам не, зошто вакво ВМРО-ДПМНЕ не може да гарантира реформи.

Што се однесува до коалција со ДУИ, Заев рече дека се отворени сите можности.

Запрашан што ќе биде со неговата градоначалничка функција, Заев исто така рече и дека најверојатно нема да продолжи да ја извршува , бидејќи како што истакна после 11 Декември ќе биде премиер.

Тој исто така рече дека неговите дела се гледаат во Струмица, и дека таа општина е една од најнезадолжените и најразвиени, покрај тоа и најубавите општини во земјава.

Слично

Поврзани вести