Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со кого ќе се сретне Билд во Скопје?

Со кого ќе се сретне Билд во Скопје?

Копретседавачот на аналитичкиот институт Европски совет за надворешни работи, Карл Билд денеска е во Скопје на разговори со претставници на политичките партии во врска со кризата во Македонија. 

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и БЕСА потврдија дека нивни претставници денеска ќе имаат средби со Билд. Од Кабинетот на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов информираа дека било побарано Билд да се сретне и со Иванов, но дека денешната негова агенда била поинаква.

На Твитер,  Билд вечерва објави дека пристигнал во Скопје и дека е тука во кратка работна посета на регионот. Тој најави дека ќе престојува и во Белград. Според твитер-постот, целта на посетата на регионот се европските политички опции.

Слично

Поврзани вести