Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со кого ДУИ ќе коалицира во Советот на Општина Куманово?

Со кого ДУИ ќе коалицира во Советот на Општина Куманово?

Општинската организација на СДСМ Куманово и локалниот огранок на ДУИ, ќе коалицираат во Советот на Општина Куманово. 

Претседателот на општинската организација на СДСМ,  Мартин Костовски и советникот од ДУИ, Фатмир Идризи денеска потпишаа Меморандум за соработка што ќе трае следните четири години.

СДСМ на локалните избори освои 16 советнички места, а ДУИ три. Со мнозинство од 19 мандати ќе се овозможи реализирање на ветените проекти. Од двете партии ветија дека со проектите ќе придонесат за поквалитетен живот за граѓаните. 

На потпишувањето на меморандумот присуствуваше и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. 

И во претходниот состав додека градоначалник беше Зоран Дамјановски, ДУИ беше во коалиција со СДСМ. 

Слично

Поврзани вести