Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО КАКВО БОГАТСТВО РАСПОЛАГА Арбер Адеми кој ќе министерува со образованието?

СО КАКВО БОГАТСТВО РАСПОЛАГА Арбер Адеми кој ќе министерува со образованието?

Во екот на реконструкцијата на Владата на Република Македонија почнаа да се отвораат многу прашања за новите министри, нивната компетентност за секторот, каков имот имаат и ред други прашања.

Кој е Арбер Адеми?

Арбер Адеми е по професија правник и тој е од Куманово.Завршил Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово, каде што и магистрирал во областа на правните науки. Докторирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана. Бил асистент на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово,  консултант во Министерството за труд и социјална политика, како и продекан за наставни прашања на Факултетот за бизнис-администрација на Државниот универзитет во Тетово. Роден е 1985 година.

Министерот за образование, Арбер Адеми, којшто е од редовите на ДУИ и којшто во моментов е заменик министер за образование и наука, наскоро ќе дојде на раководната позиција-министер за образование и наука.

Според анкетниот лист, најголем имот пријавил на име на неговите родители, куќа во Куманово(проценета на 5 милиони денари), два стана во Куманово од 85 квадратни метри кои се проценети на 2.3 милиони денари и 2.5 милиони денари.

Подетално за имoтот на Арбер Адеми погледнете ТУКА.

Слично

Поврзани вести