Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со какви температури ја почнуваме 2018 година?

Со какви температури ја почнуваме 2018 година?

Времето во земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло, особено на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има услови за појава на претпладневна магла.

Дневните температури ќе бидат во Скопје до 8 Целзиусови степени, во Крива Паланка до 12, во Маврово и Охрид до 10, во Битола до 11, во Кавадарци до 12, во Дојран до 14 степени. 

Времето утре ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а дневните температури ќе се движат од 5 до 14 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде облачно со слаб до умерен северозападен ветер  и дневни температури од 4 до 11 степени.

Слично

Поврзани вести