Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со каква казна ќе се соочи полицаецот кој го сликна Чавков во Шутка?

Со каква казна ќе се соочи полицаецот кој го сликна Чавков во Шутка?

Полицаецот кој го фотографираше екс директорот на БЈБ Митко Чавков како се шета во затворот во Шутка не е суспендиран туку ќе се соочи со дисциплинска постапка.

Дел од медиумите, повикувајќи се на извори во полицијата соопштија дека внатрешна контрола на МВР го открила полицаецот од Посебната единица за поддршка кој го сликал Митко Чавков.

Фотографијата од Чавков како молња на социјалните мрежи се рашири два дена по неговото притворање.

Чавков и групата од 36 лица се товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста поврзано со настаните во собранието од 27 април.

Слично

Поврзани вести