Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со изложба ќе се одбележи шестгодишното протестирање

Со изложба ќе се одбележи шестгодишното протестирање

Во огранизација на Цивил утре ќе се изведе мултедијалната изложба и хепенинг „Протест(и)“ на фотографот Александар Кондев со над 10.000 фотографии кои се инспирирани од шестгодишно протестирање.

Борци за слобода и демократија се поканети да дојдат да се пронајдат на фотографиите и да се потпишат на Револуцијата, на 12 април, четврток, 17 часот во паркот на Жена-борец пред споменикот на Прометеј.

Изложбата го опфаќа периодот од протестите за Мартин Нешковски, па натаму. Датумот на одржување на овој мултимедијален хепенинг се совпаѓа со почетокот на Шарената револуција.

Поканети се сите граѓанки и граѓани, учеснички и учесници во Шарената револуција да бидат дел од одбележувањето на историското будење на граѓанскиот отпор во Македонија. 

Слично

Поврзани вести