Со или без Села мнозинството ќе продолжи, законот за јазици наскоро во процедура
Пратениците на СДСМ не се плашат од заканата на Зијадин Села кој изјави дека доколку во првите 100 дена не се изгласа законот за албанскиот јазик, владата ќе има двајца пратеници помалку. За СДСМ пак владата е таа која предлага закони, и кога ќе се донесат во Собрание, истите се гласаат. Но овој пат, изгледа дека пратениците ќе гласаат еден пакет на закони, вклучувајќи го и законот за албанскиот јазик, информира ТВ21.
Иако Зоран Заев пред две недели се сретна со лидерот на ДПА, Мендух Тачи се уште не е познато дали тој ја има поддршката од двајцата пратеници на ДПА. Тие одбија да ја коментираат средбата помеѓу двајцата лидери и дали станува збор за можна соработка и можно вклучување на ДПА во Владата.
Вчера лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села ги потсети партнерите на коалицијата дека доколку прашањето околу албанскиот јазик не се реши во првите 100 дена, коалицијата Алијанса за Албанците ќе ја напушти владата.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, изјавата на Села за излегување од владината коалиција ја оцени како политичка. Сепак, Димовски додаде и дека дел од гласачите на СДСМ ќе се разочараат, бидејќи според него, Заев во предизборната кампања дал двојни ветувања.
За разлика од Села, неговиот коалиционен партнер Весел Мемеди искажува оптимизам кога станува збор за предлог законот за употреба на јазиците.
Коалицијата Преродба со Беса и дава уште два месеци на оваа влада, а потоа ќе го даде предлог законот за употреба на јазиците.
ДУИ денеска беше нај тивкиот субјект во врска со темата со законот за употребување на албанскиот јазик. Портпаролот на партијата Бујар Османи не најде време да одговори на нашите прашања, во врска со тоа кога ќе се поднесе законот за албанскиот јазик, и што ќе се случи доколку тој не се изгласа во првите 100 дена од работата на оваа влада.
