Со години Илија Димовски го возел личен шофер кој го плаќала општина Велес
Скандал го тресе пратеникот Илија Димовски.
Новиот градоначалник Аце Коцевски денеска пред јавноста откри дека пратеникот од ВМРО ДПМНЕ со години имал личен шофер и истиот го плаќала општина Велес.
„Пратеникот Димовски незаконски си земал вработен од општината да му биде личен возач, и со години неговите работни задачи се воделе како возач на градоначалникот, а всушност тој цело време го возел Илија Димовски за што имаме и докази. Со тоа Димовски ја оштетил општината за голема сума на пари на име на плати на овој човек кој со години го возел пратеникот“, рече Коцевски на својот прв прес пред Велешани.
Во однос на долгот на општина Велес, Коцевски рече дека тој изнесува 2.750.180 евра од кои најголем дел се кон Јавното комунално претпријатие, односно 87 милиони денари.
