Со герила акција го промовираат бројот за донации за поплавените
Активисти со герила акции на семафори во Скопје го промовираат бројот за донации за погодените од поплавите 143-400.
На транспарентот кој го носат пишува „Црвено 30 секунди, донација 3 секунди, сврти 143 400“. На ваков начин сакаат да ги мотивираат учесниците во соображајот да донираат.
Во поплавите во саботата беа уништени голем број домови во скопско, се удавија 22 луѓе, а неколку се исчезнати.
Вакво невреме според синоптичарите се случува еднаш во илјада години. На терен уште се расчистуваат последиците од невремето.
Слично
