Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со европски пари ќе се реконструира градскиот кеј во Берово

Со европски пари ќе се реконструира градскиот кеј во Берово
Кејот на реката Брегалница во центарот на Берово ќе се реконструира со  финансии од Европската Унија во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка. Како што информираат од општината, реализацијата на овој проект е дел од проектот „Обнова на животната средина за поквалитетен живот”, во вкупна вредност од 500 илјади евра, што ќе се реализира во соработка со бугарската општина Сандански. Половина од финансиите се наменети за уредување на кејот во централното градско подрачје на Берово, како и за изградба на пешачка и велосипедска патека и скејт парк со површина од 500 метри квадратни. На свеченоста е најавено присуство на заменик-министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски  
Слично

Поврзани вести