Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со електротротинет низ Скопје за 100 од час

Со електротротинет низ Скопје за 100 од час

Градската власт ќе ја подига атрактивноста на туристичката понуда во главниот град со набавка на нови седум електромобили, овој пат во ретро-стил. Постојните пет се обични електровозила и се отворени, односно кабриолети, со три седишта плус она за возачот. Тие беа купени пред две години како дел од проектот „Електра“ на „Градски паркинг“, а ги користат туристите за разгледи на центарот на Скопје.

Персонални транспортери – електротротинети, наскоро ќе може да се изнајмуваат од „Градски паркинг“ со цена од 100 денари за час во рамки на проектот „Електра“.

Новите возила се уште не се промовирани во јавноста а изнајмувањето на новите возила ќе биде усвоено  на следната седница на Советот на Град Скопје пренесува Дневник.

За намалување на загаденоста на воздухот „Градски паркинг“ располага и со 250 велосипеди, кои се дел од проектот „Изнајми велосипед“.

- Сите овие велосипеди, и електро и обичните, овозможуваат зголемена мобилност на граѓаните и на посетителите на Скопје, како и достапност до сите знаменитости од културно-историско значење. Велосипедите може да се употребуваат како алтернативно превозно средство, особено во централното градско подрачје, што значи намалување на нивото на штетни гасови во воздухот и почиста животна околина. Исто така, електровелосипедите се добра можност за исполнување рекреативни и туристички цели – велат од претпријатието. Електровелосипедите, кои во моментов се 10, ќе бидат достапни за изнајмување само на една локација, на плоштадот „Македонија“, исто како и електромобилите. Цената за возење со нив е 100 денари за 20 минути. Обичните велосипеди, пак, може да се изнајмат на јавните паркиралишта „Треска“, кај Градската болница, кај Општата болница „8 Септември“, во Аеродром зад ТЦ „Бисер“, како и во катната гаража „Св. Kирил и Методиј“.

(Извор: Дневник)

Слично

Поврзани вести