Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со еден „клик“ до извод од деталниот урбанистички план за Центар

Со еден „клик“ до извод од деталниот урбанистички план за Центар
Деталните урбанистички планови кои се јавни документи, во општина Центар станаа и реално во целост достапни. Со еден клик на веб - страницата на општина Центар, граѓаните можат да имаат увид во секоја градежна парцела и да ги проверат параметрите за изградба. Добро чуваните тајни во минатото од  ДУП-овите, сега се јавно достапни. „Она што го направи општина Центар  со Геоинформацискиот систем (ГИС), во делот на урбанизмот,  е вистински бум.  Ваквата транспарентност за првпат во Македонија ја воведоа во Центар. ГИС го има и во други општини,  но не на вакво високо ниво, какво што го вети во својата изборна програма и го реализираше градоначалникот Андреј Жерновски. Сите детални урбанистички планови се внесени во системот и од базата на податоци со еден клик се вадат изводи од ДУП - овите“, информираат од општината. Се работи на воведување на ГИС и во другите сектори освен урбанизмот. Секторот за градежништво и уредување на градежното земјиште веќе започна со полнење на базата на податоци.
Слично

Поврзани вести