„СО ЏИП СЕ КАЧИ НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА, ПРИНУДИ ЧОВЕК ВО ИНВАЛИДСКА ДА СЕ ТРГНЕ, ЗА ТОЈ ДА ПОМИНЕ“: „Да го направиме господинов познат“ се вели во објавата а видеото се споделува на социјалните мрежи
Катастрофално видео се споделува на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач на џип, вози на пешачка патека, а пред него човек во инвалидска количка се движи во истата насока. Според сведоштвото на објавата, возачот го принудил човекот во инвалидската количка да се тргне кон десно, за тој на тротоарот да помине. Според објавата, овој инцидент се случил во скопски Бутел.
“ГОСПОДИНОВ” вчера го натера човекот во инвалидска количка да се помрдне десно за да помине неговото величество “ГОСПОДИН”. Прашањето е кој е овде ИНВАЛИД и дали постои орган кој ќе го санкционира дебилизмов. Споделувајте, “ГОСПОДИНОТ” заслужува да стане познат“, се вели во објавата.
Граѓаните во коментари го повикуваат Министерството за внатрешни работи да реагира со оглед на тоа што на објавата ја има и регистарската табличка на возачот, и да го санкционира заради ваквото возење.
