Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ЌЕ РАКОВОДИ ПРОФЕСОРОТ АЛЕКСАНДАР КЛИМОВСКИ: Назначаен е за нов директор на оваа институција

СО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ЌЕ РАКОВОДИ ПРОФЕСОРОТ АЛЕКСАНДАР КЛИМОВСКИ: Назначаен е за нов директор на оваа институција

Редовниот професор на Правниот факултет Државната лотарија „Јустинијан Први” е новиот директор на Државната лотарија.

Тој помеѓу најпознатите и водечки правни експерти во регионот за регулирање на игрите на среќа, а неговите научни трудови се глобално цитирани во реномирани научни списанија. На Правниот факултет при УКИМ предава предмети како што се Право на друштва, Корпоративно управување, Корпоративна етика и Право на игрите на среќа.

Покрај тоа, Климовски е ко-автор на учебниците “Корпоративно управување” и “Право на игрите на среќа” и автор или ко-автор на над 70 научни и стручни трудови. Климовски воедно е раководител на постдипломските студии по Корпоративно право на Правниот факултет во Скопје. Неговото обемно знаење и искуство во областа на правото и корпоративното управување ќе придонесат за понатамошниот развој и унапредување на Државната лотарија.

фото: YouTube/Print Screen

Слично

Поврзани вести