Со доводно црево за водовод поткупувале гласачи во Радовиш
Со доводно црево за водовод поткупувале гласачи во Радовиш за изборите.
На 16 месецов полицајци од Одделението за внатрешни работи Радовиш во дворот на Ш.Ш. во Радовиш пронашле доводно црево со должина од околу 300 метри, кое му било дадено како подарок поврзан со избори и гласање. По преземени мерки е утврдено дека пред дваесетина дена едно лице му ветило дека ќе организира работна машина за ископување и ќе донесе доводно црево за водовод на неговата улица, а за возврат Ш.Ш. требало да организира група жители кои на изборите на 17 октомври требало да гласаат за една политичка партија, соопштија од СВР Струмица.
Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(35) од Радовиш и уште едно лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „поткуп при избори и гласање“.
