Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со домашни и меѓународни потерници ќе ги бараат Грујевски и Бошковски?

Со домашни и меѓународни потерници ќе ги бараат Грујевски и Бошковски?

Во тек е изготвување на домашни и меѓународни потерници по поранешниот шеф на Петтата управа, Горан Грујевски и другиот припадник на УБК, Никола Бошковски кои и по повеќе од 12 часа не се достапни за органите на прогонот иако Врховиот суд го потврди притворот за нив, објави ТВ 24. 

Ниту нивните адвокати, ниту семејствата не знаат каде се обвинетите. 

Според последните полициски информации на телевизија 24, Грујевски и Бошковски не ја напуштиле земјава преку легални гранични премини, но засега нема никакви официјални информации од Министерството за внатрешни работи.

Тие обвинети од Специјалното јавно обвинителство во случаите „Тврдина“ и „Таргет“. 

Слично

Поврзани вести