„СО ДЛАБОКА ПОЧИТ И БЛАГОДАРНОСТ ГО ЧУВАМЕ СПОМЕНОТ НА ВАСКО, КАКО КОЛЕГА, СОРАБОТНИК И ПРИЈАТЕЛ“ - BioSense Institut со тага се потсетува на македонскиот научник кој загина при падот на настрешницата
BioSense Institute, каде што работеше познатиот македонски научник Васко Саздовски, кој загина при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, на денешниот ден на кој се навршуваат шест тажни месеци од смртта на васко, со тага се потсетуваат на својот истакнат истражувач. Со неговата смрт, велат, не загубивме само ние, туку пошироката научна заедница.
„Денес се навршуваат шест месеци од трагичната смрт на нашиот колега д-р Васко Саздовски.
Д-р Васко Саздовски (1979–2024) бил вработен во Центарот за сензорски технологии на Институтот за биосензи, докторирал на Универзитетот Кренфилд во Обединетото Кралство, а претходно магистрирал електротехника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј и дипломирал воздухопловство на Воената академија во Северна Македонија.
Васко беше исклучително посветен истражувач, експерт со богато знаење и искуство, кој во својата работа ја комбинираше прецизноста на инженер со љубопитноста на научник.
Неговиот придонес во Институтот BioSens е непроценлив, а неговата загуба е огромна загуба не само за нашиот тим, туку и за пошироката научна заедница.
Со длабока почит и благодарност, го чуваме споменот на Васко - како колега, соработник и пријател.
Им оддаваме почит на сите други жртви од падот на настрешницата во Нови Сад и сочувствуваме со болката на нивните семејства и заедници“, се вели во објавата на Линкедин на БиоСенс Институтот.
Фото: Линкедин БиоСенс Институт
