Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со декларација ќе се бара модернизација и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ

Со декларација ќе се бара модернизација и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ

Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ до Централниот комитет на партијата ќе достави декларација за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ. 

Таа содржи принципи на говор и мисла, на рамноправност, на непосреден избор, на тајност во одлучувањето, на неспоивост на функции, на индивидуална одговорност, на личен интегритет и квалитет, на внатрепартиска солидарност. Ова денеска го најавија и рекоа дека ќе се бара принципите да бидат вметнати во измените на Статутот на партијата. 

„Наш заеднички приоритет е нов кредибилен и капацитет ВМРО-ДПМНЕ да ја формира идната влада после завршување на процесите и деизолација на партијата на домашната и меѓународната сцена. Истото е единствено можно само преку спроведување, на статутарни, темелни и суштински реформи во партијата“- стои во декларацијата.

Во декларацијата „реформаторите“ ги повикуваат сите членови на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во дебата, слободно да размислуваат и да предлагаат решенија кои  ќе бидат поквалитетни од понуденото на еден човек. 

Слично

Поврзани вести