Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со црвена вратоврска Шаленберг од Скопје испрати силна порака: Македонија заслужува датум

Со црвена вратоврска Шаленберг од Скопје испрати силна порака: Македонија заслужува датум

Александер Шаленберг со црвената вратоврска како дел од неговиот стајлинг која симболизира доминација, моќ но и внимание денеска од Скопје испрати силна порака. 

Споредувајќи го патот до Европската унија со Тур де Франс австрискиот сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи децидно кажа дека има многу патеки и потешкотии но дека сепак Македонија треба да добие датум за старт на преговори со ЕУ.

Шаленберг потенцира дека не случајно го одбрал периодот за посета на земјава, и дека се е испланирано пред Европскиот совет кој претстои за неколку дена.


Претставникот посочи дека неговата посета значи силна поддршка за Македонија истакнувајќи дека по испорачаното од Скопје, редот е на Брисел.

Од друга страна македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров со вратоврска има спиритуална и моќна боја рече дека посетата на Шаленберг е од непроценливо значење.

-Ги броиме деновите до одлуката за старт на преговорите, па поддршката од нашите австриски пријатели има големо значење за нас-рече Димитров.

На средбата на двајцата дипломати беше посочени дека билатералните односи се на одлично ниво и дека Австрија е меѓу најголемите инвеститори во Македонија.

Слично

Поврзани вести