Со членството во НАТО Северна Македонија станува важен играч за регионот но и за ЕУ
Министерката
за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Острава, Чешка имаше работна
средба со чешкиот министер за одбрана Лубомир Метнар.
На средбата беше истакната долгогодишната успешна соработка во одбраната меѓу двете земји и континуираната поддршка за нашето членство во НАТО и за почеток на преговори со ЕУ.
Министерката Шекеринска се заблагодари на поканата да биде почесен гостин на меѓународната манифестација „Денови наНАТО“ што започна денеска во Острава.

Шекеринска
изрази задоволство што чешката страна минатата седмица го ратификуваше
Протоколот за прием во НАТО, и рече дека членството на Северна
Македонија во Алијансата
значи влог во безбедноста и стабилноста на целиот регион. Тесната
соработка што ја остваруваат Република Северна Македонија и Западен
Балкан со земјите од Вишеградската група (В4) чиј лидер е во моментов
Чешката Република е одличен пример за тоа како треба
да соработуваат земјите во рамките на еден регион но и помеѓу
регионите, истакна министерката.
„Република Северна Македонија е долгогодишен близок партнер на Чешката Република во Западен Балкан,
а со членството во НАТО станува важен играч за регионот,
но и за ЕУ. Со ратификацијата
на Протоколот и со вашата континуирана поддршка покажавте дека Чешка
знае да го вреднува постигнатиот напредок во нашата земја и дека
взаемната почит и соработка ќе продолжат и во иднина во рамките на НАТО
каде наскоро ќе станеме полноправна членка“, рече
Шекеринска.

Двајцата министри разговараа и за донација на опрема за нашата Армија од Република Чешка како и за австриската иницијатива за регионална Воена академија и нашата заложба седиштето да биде во Скопје, за што чешката страна изразува целосна поддршка.

