Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО БУБО И БАНЕ СЕ НАЈДОВМЕ - ПО ФРЕКВЕНЦИЈА, К15 ВЕДНАШ ДОЖИВЕА ПОПУЛАРНОСТ, НО НЕ ДОНЕСЕ ОДМА И ЗАРАБОТКА - не пропуштајте, Васко Тодоров за Бизнис Муабети на Фактор

СО БУБО И БАНЕ СЕ НАЈДОВМЕ - ПО ФРЕКВЕНЦИЈА, К15 ВЕДНАШ ДОЖИВЕА ПОПУЛАРНОСТ, НО НЕ ДОНЕСЕ ОДМА И ЗАРАБОТКА - не пропуштајте, Васко Тодоров за Бизнис Муабети на Фактор

„Бев и музичар, имавме група, свиревме по кафулиња, а и по кафани. После тоа, кога дипломирав, јас работев во Идризово. Јас сум воспитувач, тоа е мојата професија, иако тоа што го работам сега, нема врска со тогашното работење. 

После се отвори Радио Нома, Канал 2000. Бубо беше уредник на забавна редакција на Радио Нома, Јас и Бане бевме хонорарци. Ние почнавме таму да ги пишуваме тие монолози. Значи, Тошо Малерот и Миле Паника се појавија како радио ликови. Тие монолози беа многу слушани во тоа време, во 1993 година. И така некако, тројцата седнавме, се најдовме буквално - по фреквенција. И ајде ќе правиме нешто заедно К15, вели Васко Тодоров во денешниот поткаст на Фактор, Бизнис Муабети. Раскажува како на почетокот, иако К15 веднаш доживеа огромна популарност, тој проект не им носел заработка. 

„Барав по 500 денари од моите, а тие се чудеа, бидејќи сите луѓе им раскажуваа за К15“, вели тој.

Средствата дошле по првиот концерт и откако направиле своја продукција.

„Граѓаните одлучија колку ќе трае К15, тие го бараа“, вели Тошо Малерот.

Не пропуштајте, целиот поткаст погледнете го на овој линк. 


Слично

Поврзани вести