Со брод по Вардар: И до Солун и кон западна Европа
До средината на 2013 година ќе биде готов планот за изградба на каналот Дунав–Морава–Вардар , најави српскиот министер Милан Бачевиќ, кој посочува дека за проектот се заинтересирани и многу странски компании, пренесе РТС.
Според најавите, најзначајната активност на Министерството за природни ресурси, рударство и просторно планирање на Србија во 2013 година ќе биде токму изработката на овој план.
„Голем дел од документацијата и методологијата за изработка на просторниот план за каналот Белград – Солун, попознат како Дунав–Морава–Вардар е веќе готов. Овој план опфаќа површина од околу 10 500 квадратни километри“, изјави Министерот и додава дека планот е во рок од шест месеци да се завршат и разговорите со заинтересираните компании што сакаат да учествуваат во градежниот дел од проектот.
Првите пресметки за вредноста на проектот се направени уште во седумдесеттите години од минатиот век кога било пресметано дека каналот од Белград до Солун би чинел од 15 до 17 милијарди долари, каде се вклучени и градешните активности во Македонија и Грција. Сепак,сега повторно ќе треба да се пресмета висината на инвестицијата, за која, како што пренесува РТС меѓу заинтересираните странски компании засега најупорни се две кинески и една американска компанија.
Како што веќе пренесе Фактор, за време на неодамнешната прва посета на српскиот претседател Томислав Николиќ во Македонија, токму каналот кој ќе ги поврзе Србија, Македонија и Грција се спомена како еден од главните стратешките инвестиции за регионот.
„Да свртиме еден дел од Дунав, преку Морава и Вардар до Егејското море и да направиме за две илјади и двесте километри покус пат за стоката која се транспортира од Кина до Германија и обратно, но би било добро и за наводнувањето на нашите три држави. Тоа е проект кој постои 70 години но никој не се осудуваше да влезе. Ние ќе се осудиме ако успееме да се собереме сите три држави на тој проект, а тоа би било можност Македонија и Грција да седнат на иста маса. Во трите држави се живее тешко и ни се потребни инвестиции“ изјави тогаш српскиот претседател Томислав Николиќ.
Инаку овој проект ќе има големо значење за сообраќајното поврзување на југот на Европа со Средна и Западна Европа. Новиот канал треба да се поврзе и со системот Рајна – Мајна – Дунав и со системот на Рона и Сена во Франција и на реките Одра и Висла.
Со каналот, Србија ќе си обезбеди стратешка положба во регионот, а Македонија ќе добие полесен и побрз излез на светските пазари.

Слично